Ахмети: Говореа дека планирам да ја кантонизирам Македонија, а јас сакам да ја направам како Швајцарија

од Nikola Popovski
273 прегледи

„Пишуваа и говореа дека планирам да ја кантонизирам Македонија. Еве сме денес, 2021, 20 години подоцна, Македонија е членка на НАТО, и денес зборувам да ја направам Македонија подобра земја за сите граѓани, како Швајцарија“, изјавил лидерот на ДУИ, Али Ахмети во емисијата „Клик плус“.

Тој додал дека сака земјата да има подобро образование и подобро здравство за сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци.

Ахмети беше во центарот на вниманието овие денови откако ја држеше јавноста во неизвесност со т.н. изненадување што не сакаше да го објави, што на роденденот на партијата во саботата, излезе дека е ребрендирање на партијата.

„На 19. роденден на ДУИ започнуваме нова политика, нов начин на водење политика и директно дејствување, политика за еколошка правда и квалитетен живот. Зелената агенда станува дел од Демократската унија за интеграција”, рече Ахмети, истакнувајќи дека тој и неговите соработници веќе се фокусираат целосно на квалитетот на животот, условите за живот, развојот, квалитетно образование и здравство, неселективна правда, дигитализација, социјални политики, инфраструктура, економија и животна средина.

Слични содржини