Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска го оствари своето гласачко право. Според него, ова ќе биде најголемата победа што ќе ја докаже демократската зрелост на земјата.
-Како и обично, првата желба е изборите да поминат според сите стандарди, бидејќи слободните избори се одраз на нивото на демократија во една земја, на остварувањето на демократијата, иако сите ние инвестиравме во високи стандарди за ова ниво да се подигне и се надевам дека граѓаните ќе се определат за најдобрата визија, за најдобрата програма, бидејќи и визијата и програмата се во корист на сите граѓани. Се надевам на успешно завршување на процесот, на прифатлив процес за сите страни кои учествуваат во изборниот процес, рече Ахмети.
Тој очекува добра определба на граѓаните за платформите, но според него, тоа е во рацете на граѓаните.