Ахмети и Заев на средба неделава ќе договараат каде да „заигра“ метлата

од desk2
81 прегледи

Коалициските партнери во Владата деновиве ќе имаат средба на која треба да договорат некои детали од реконструкцијата која ја најави премиерот, Зоран Заев, во време на изборна кампања.

Вицепремиерот, Бујар Османи, потврди дека таква средба е договорена.

-Прашањето на новите имиња се наметнува и поради новиот закон за Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Ова Министерство ќе биде формирано поради што мора да има именување. Премерот најави во делот министри на СДСМ дека ќе има смени. Деновиве коалициските партнери ќе имаат средба и ќе разговараат за понатомошниот тек на Владата во целина, но и министерствата поединечно – рече Османи за Канал 5.