378
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во паркот во Чаир организира прослава по повод одбележувањето на 20-годишниот јубилеј од постоењето.
Лидерот Али Ахмети по своето обраќање ја пресече роденденската торта.
На манифестацијата присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерите Фатмир Битиќи и Славица Грковска, владини министри, градоначалници, претставници на Исламската верска заедница, а меѓу гостите е и поранешниот премиер Зоран Заев.
Вчера на плоштадот „Илирија“ во Тетово се одржа голем концерт.
На концертите учествуваа познати естрадни имиња.