Ахмети: Ќе го демонстрираме нашето незадоволство и револт поврзано со неправедната одлука на ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
425 прегледи

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети вчера истакна дека владеачката ВМРО-ДПМНЕ на премиерот Христијан Мицкоски не го почитувала легитимитетот на албанските партии на изборите во Македонија.

-Ние ја оспоруваме и ќе го демонстрираме нашето незадоволство и револт поврзано со нивната неправедна одлука која не го почитуваше легитимитетот што го добија ДУИ и Европскиот фронт кои заедно водеа кампања и заедно славевме победа, рече Ахмети на Генералниот совет на дУИ.

Според него, актуелната власт нема легитимитет и ДУИ ќе се обврзе да го образложи мислењето дека земјата има иднина и перспектива со почитување на слободното гласање и легитимитетот.

Според Ахмети, решенијата на Мицкоски не биле праведни и рече дека државата нема издржани политики со соседите, како со Грците, така со Бугарите.

-Бројот на граѓани со бугарско државјанство расте секој ден. Можно е пакетот за членство во ЕУ, ако ние не ги направиме неопходните чекори, тој пакет и да биде изменет, Албанија да ги отвори преговори за членство во ЕУ, а ние да останеме назад и Албанија да стане членка, а ние држава со два народа кои имаат две различни државјанства, рече меѓу другото лидерот на ДУИ.

Новата Влада беше изгласана на 23 јуни со 77 гласа „за“, а за 13-ти премиер е именуван токму Мицкоски.

Дваесеттата влада од осамостојувањето на државата ја формираше ВМРО-ДПМНЕ со партнерите – коалицијата ВЛЕН и партијата ЗНАМ. Владата на Мицкоски има пет потпретседатели со 15 министерства, од кои шест припаднаа на коалицијата ВЛЕН, а две на партијата ЗНАМ.

ВМРО-ДПМНЕ извојува убедлива победа на изборите, освојувајќи 58 пратенички места во Собранието. Во блокот албански партии најдобар резултат имаше „Европскиот фронт“ со 18 мандати.

Слични содржини