Претседателот на ДУИ, Али Ахмети синоќа порачал дека косовскиот премиер Албин Курти се меша во политичката сцена на Албанците во Македонија.
„Тој се меша во политичката сцена на Албанците. Еди Рама на пример, не се меша во внатрешните работи на политичкото тело во Северна Македонија, вложи напори да ги зближи партиите во Северна Македонија и јас сум благодарен сум за таквиот пристап“, рекол Ахмети на гостувањето во емисијата „Топ стори“ на ТВ Топ Чанел – Албанија.
Ахмети додал дека јавната поддршка на Курти за претседателскиот кандидат на албанската опозиција е мешање во македонската политичка сцена.
„Ние не изразивме патриотизам, туку се договоривме со Стево Пендаровски и со СДСМ и му дадовме поддршка“, кажал Ахмети за мандатот на актуелниот претседател.
Лидерот на ДУИ изјавил дека по веста за кампањата на „Самоопределување“ во Македонија, интерес пројавила и меѓународната заедница.
„Не доведоа во многу тешка ситуација. Зошто Курти се буни кога Вучиќ е политички активен на Косово? Како
го објаснувате тоа? Ме оставија без зборови“, нагласил Ахмети.