Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска има нова средба со т.н Огнена група која иницираше реформи во партијата.
По пристигнувањето на Ахмети во седиштето на партијата пристигнаа и Садула Дураку, додека во група заедно пристигнаа Муса Џафери, Блерим Беџети, Изет Меџити.
Меџити кусо пред состанокот рече дека ќе се зборува.
– Ќе разговараме како и секогаш, рече кратко Меџити, кој на прашањето дали очекува примирје истакна дека новинарите ќе бидат известени.
Ова е втора ваква средба откако во четвртокот, на 29 септември, Ахмети имаше состаноци со ограноците од Чаир и Сарај.