Ахмети најавува протести за поддршка на Бектеши и барање за предвремени избори

од Љубиша Владимиров
105 прегледи

Али Ахмети, лидер на ДУИ, најави масовни протести за поддршка на Крешник Бектеши и за барање неселективна правда, како и за поддршка на протестите на семејствата на загинатите во пожарот во Кочани. Тој истакна дека протестите можат да завршат само со предвремени парламентарни избори. Ахмети додаде дека ќе ги поддржи и барањата за ветинг на политичките партии и функционерите, како и на судиите, јавните обвинители и полицијата.

Според него, премиерот Мицкоски првично предложил предвремени парламентарни избори, но потоа се премислил. Ахмети потврди дека има разговарано со Арбен Таравари и не ја исклучува можноста за соработка на локалните избори. Ако се менува статусот на албанскиот јазик, ДУИ ќе повика на бојкот на локалните избори за да се спречи цензус.

Слични содржини