Ахмети: Народот ме гласа 22 години, УЧК ја спаси Македонија

од Nikola Popovski
1,K прегледи

„Мицкоски има дадено изјава дека наводно му праќам емисар да преговара за да влеземе во Владата. Христијан, во политиката влегов како востаник и нема да излезам без да се откажам, да се разбереме, народот ме гласа 22 години. Јас формирав фронт со албанските политички партии, но го направив непобедлив со вклучување на заедниците кои вие ги презирате, како што се турската, ромската и бошњачката и се трудиме во Уставот да ги вклучиме и бугарската, египетската, црногорската и хрватската заедница“. Вака му порачал лидерот на ДУИ, Ахмети на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешниот митинг во Дебар.

Според Ахмети, заедно мора да градиме мир, стабилност, иднина и заедно да воспоставиме европски стандарди и да се бориме против криминалот и корупцијата.

Претседателот на партијата од Мала Речица говорел и за скандирањата„УЧК, УЧК“ на митингот на „Европскиот фронт“ и кандидатот Бујар Османи во Скопје пред една недела.

„Зошто не се храбри да гласаат за ветинг и да ги исчистат политичките фигури. Да гласаме и да не се занимаваме со бајки за секој ден затоа што не сум ни истражител, ни обвинител, ни суд. Значи, оваа земја има свое место во Европа и за оваа земја мора да работиме заедно, Македонци и Албанци, а не да се враќаме во минатото и да се огорчуваме затоа што сум викал УЧК. Тоа е албанска гордост и УЧК ја спаси Македонија“, нагласил Ахмети пред присутните.

-Ние никогаш не сме сакале да бидеме туѓинци во земјата, но за нашето се боревме и пролеавме крв, рече Ахмети пред една недела во Скопје, по што следуваше скандирање од симпатизерите со „УЧК“ а во еуфоријата им се придружи и Ахмети.

Од друга страна, Мицкоски вчера посочи дека народот веќе кажал оти идна влада ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, а во нејзе ќе биде коалицијата која на овие избори настапи под името „ВЛЕН“.

„Одлучија граѓаните, а јас жалам што Али Ахмети во јавноста сака да се претстави како идеолог и многу силен, а во позадина ни праќа емисари и безусловно сака да влезе во идна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и со „Твоја Македонија“. Жалам што Ахмети се опкружи со луѓе кои и него го злоупотребуваат, за да прават, условно кажано, криминал и да ја ограбуваат Македонија. Жалам што Ахмети опкружувајќи се со овие луѓе наместо да заврши како политички пензионер и да биде идеолог тој ќе заврши како соучесник во криминалот на неговите блиски соработници кои набргу од денеска, македонската јавност, сите граѓани во Македонија без разлика на етничката припадност ќе бидат сведоци, а за што имаме голем број докази“, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини