Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, придружуван од неговите колеги, престојуваше во тетовските висорамнини, каде се сретна со жителите на селата Селце, Вејце и Лавце.
Покрај мети, пред присутните говори имаа и генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, потпретседателите на ДУИ Арбр Адеми и Бајрам Реџепи, пратеничката Рина Ајдари и министерот за економија Крешник Бектеши.
„Сите заедно се обидовме овде да го направиме секое утро подобро. Се жртвувавме како народ. Нашата нација даде сè, најдобри синови. Да се потсетиме на Рафи Алили, херој, цел живот во пеколот, без да гледа светлина во неговите очи, само затоа што сакаше да живее поинаку од животот што ни се сервира и наметнува. Овде сум со колегите, министрите и директорите за да можат и тие да бидат со вас да прашаат како да се справиме подобро“, истакна тој.
„Ги охрабруваме процесите да се движат напред. Позади мене пишува „За Европа“. Всушност, ова е пред-кампања за кампања што мора да ја материјализираме, мора да влеземе во ЕУ, бидејќи ова членство носи материјални добра, придобивки, совршенство на државата. Без исполнување на домашната задача не можеме да бидеме членови на оваа организација“, рече Ахмети.