Ахмети по средбата со Хојт ЈИ: Нема враќање назад Талад Џафери е новиот претседател!

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, порача дека нема враќање назад и дека Талат Џафери е легитимен и признат претседател на Собранието на Македонија.

Ахмети изјавата ја даде по средбата со заменик помошникот државен секретар на САД, Хојти Ји, кој за првпат средбите ги одржуваше на безбедна оддалеченост, во резиденција во Бардовци.

„Изборот на новиот претседател на Собранието е направен на легален и легитимен начин. Трајко Вељаноски веќе нема ни морални ни законски права да повика на нова седница зошто во Собранието има законски формирано мнозинство“, порача Ахмети повикувајќи ги тие што го спорат изборот да ја признаат реалноста и да го признаат Талат Џафери за нов спикер.

Тој се заблагодари на поддршката и признавањето на новиот спикер од страна на САД и ЕУ.
“Треба да се вратиме на целосно градење на институциите во земјата. Имаме голем интерес да ја вратиме земјата на вистинскиот пат“, рече Ахмети, заклучувајќи дека на Македонија во овој момент најмногу од се и треба стабилност..

Ахмети потврди дека Министерството за внатрешни работи и министерот Агим Нухиу имаат целосна поддршка од ДУИ, дека зад него стојат политичките партии и нема логика тој да се повлече од функцијата,.Тој оцени дека процесите треба да се одвиваат на правилен начин, како и дека како партија се решени да продолжат со процесот на конституирање на нова влада.

Ахмети беше третиот на списокот на политички лидери што имаат средба со Хојти Ји, по Арбен Таравари од Алијансата на Албанците и Биљал Касими од Беса. По него средба имаше и Медух Тачи од ДПА, а за утре се очекуваат разговори со претседателот Ѓорѓе Иванов, со лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, и како најконтраверзна со спикерот Талат Џафери. Агендата и локацијата на средбите на Хојти Ји се држат во тајност