Ахмети: Премиер не се станува ниту со 46 пратеници

од Aleksandar Petrovski

Откако лидерот на СДСМ, изјави дека не може да се стане премиер со 15 пратеници, алудирајќи на барањето на ДУИ за премиер, лидерот на интегративците, Али Ахмети во изјава за весникот „КОХА”, вели дека премиер не може да стане ниту со 15, ниту со 46 пратеници.

„Ниту со 46 пратеници, не се станува премиер. Во оваа ситуација, на сите инволвирани страни им е потребна смиреност, мудрост и да размислуваат за највисоките интереси на државата. Можам да кажам дека ДУИ е фактор на стабилност во земјата. Ние внимателно ги анализираме ситуациите, нема да брзаме. Секој чекор што ќе го преземаме, ќе го направиме во интерес и корист на државата, мирот, стабилноста и унапредувањето на поголемите процеси, како што се Охридскиот договор, Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство, спроведувањето на законот за јазиците, борбата против криминалот и корупцијата. Но, во никој случај да не се избегнува од процесот на Ветинг. Секој ќе биде во партнерство со нас ако се согласува со овие точки. Вклучувајќи го и премиерот”, изјави Ахмети.

Слични содржини