Лидерот на ДУИ, Али Ахмети попладнево e во седиштето на СДСМ на „Бихаќка“ на средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објави телевизија 24.
Средбата се случува во исто време кога јавноста е најавено обраќањето на претседателот Ѓорѓе Иванов.
Заев претходно му ги предаде потписите кои ги собра од албанските парламентарни партии и очекува да го добие мандатот за состав на нова влада.
Претседателот Иванов не го додели мандатот, загрижен за унитарноста и како што рече прифаќање на платформи на туѓи држави.