Ахмети: Со храброста на Заев и Ципрас, денес мојата земја е членка на НАТО

од Nikola Popovski

„Господинот Рикер ни помогна многу. Нашата земја имаше опасност од силните ветришта на Средниот и Блискиот исто со памфлети и организации. Државата ни беше поделена, еден дел бараше зачленување во евроатланските процеси, а друг дел сакаше пропаст на земјата. Ова ми помогна да соберам сили и да се борам за решение, со исклучителна поддршка за решавање на проблемот“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети од Преспа-форумот.

Тој ја поддржува храброста на Заев и Циипрас, за потпишувањето на Преспанскиот договор, што денеска мојата земја е членка на НАТО.

„Засилен е мирот и стабилноста и односите со соседите, односите меѓу етничките заедници. Ова е историско достигнување. Историјата вака се прави. Вака Германија и Франција ги направија своите истории“, наведе Ахмети.

Слични содржини