Ахмети со реакција до Мицкоски: „Министрите Албанци работат за сите граѓани“

од Destan Jonuzi

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, реагираше на коментарите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, поврзани со буџетот за 2023 година и за доделување пари за проекти во регионите со мнозинство Албанци.

Според Ахмети, министрите од неговата партија во Владата на Северна Македонија не се посветени само за Албанците, туку на сите граѓани.

– Министрите работат за сите граѓани на РСМ. Првиот вицепремиер нема само една задача, но не работи само еднострано за инфраструктурата, туку за целата Република. Министерот за образование нема само една задача, да се интересира за унапредување на образованието на Албанците, туку за унапредување на целиот образовен систем во Републиката. Не само за историјата на Албанците, туку и за историјата на државата и заедниците, изјави Ахмети на настан организиран во Струга по повод каментемелник на нова училишна зграда.

Слични содржини