Ахмети: Уставните измени се неопходна потреба бидејќи земјава нема друга алтернатива

од Nikola Popovski
215 прегледи

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска остварил средба со амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Вероник Хулман.

Од партијата велат дека на средбата се разговарало за евроинтеграциите, уставните измени и швајцарската помош на нашата земја.

Воедно, Ахмети ја информирал амбасадорката, Хулман и за интегративниот пат на земјата вклучувајќи го и скринингот процесот, оценувајќи дека Република Северна Македонија ги исполнува условите за продолжување на интегративниот процес.

Усвојувањето на уставните измени е опишано како неопходна потреба бидејќи земјава нема друга алтернатива освен членството во големото европско семејство.

Исто така, претседателот Ахмети изразил благодарност за помошта на швајцарската влада, за континуираната поддршка што и ја нуди на нашата земја преку различните програми кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните и демократизацијата на процесите во државата.

Слични содржини