Лидерот на ДУИ, Али Ахмети синоќа порача дека не се заинтересирани да бидат дел од Владата, но додаде дека се заинтересирани за важни теми што директно ги засегаат граѓаните.
„Не сме заинтересирани за Владата, бидејќи сега има многу пазарење. Нè интересираат теми што директно влијаат на одржувањето на стабилноста на државата, теми што директно влијаат на одржувањето на добрите меѓуетнички односи“, изјави лидерот на ДУИ во емисијата „Клик плус“.
Тој дополнително нагласил дека начинот на кој одат работите сега не се добри сигнали, бидејќи додаде дека постои внатрешно незадоволство и кај Албанците.
Toj ги коментирал изјавите и, како што ги нарече, фалењето на македонските партии дека ДУИ е испратена во опозиција.
„ВМРО-ДПМНЕ можеби ја испрати ДУИ во опозиција, но Албанците не ја испратија ДУИ во опозиција. Ниту Европскиот фронт ниту НАИ ја испратија ДУИ во опозиција“, изјави Ахмети.
Тој подвлекол дека поддршката на Албанците за ДУИ останува јасна и дека толкувањата на политичките противници не ја одразуваат реалноста на политичката волја на албанскиот електорат.