Ахмети: ВМРО има капацитет и луѓе кои знаат да рефлектираат на политичките случувања во регионот на Западен Балкан

од Vladimir Zorba
358 прегледи

ДУИ денеска ја прослави 21 годишнината како политички субјект. Преку панел дискусија прво, а потоа и на пригоден коктел, првиот човек на ДУИ, Али Ахмети во кратки точки го елаборираше патувањето на политичкиот субјект кој го води.

Ахмети меѓу другото ги спомена успесите на ДУИ во изборните процеси, потпишаните и реализираните договори, како и многуте досегашни остварувања.

„Промената на Уставот треба да се случи како што се случи со Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство, отворањето на Уставот и внесување на помалите заедници како Бугарите, Хрватите , Црногорците и другите, со кои конечно ќе се затвори едно историско поглавје и би се легитимирале на меѓународен план, а во тоа ја имаат нашата безрезервна поддршка, така што штом се случи оваа промена, ги охрабруваме политичките партии да го направат овој чин, особено ВМРО -ДПМНЕ да размисли и да не ја направат грешката што ја направија со Договорот од Преспа туку да дејствува за иднината на државата кон ЕУ.

Мислам дека ВМРО има капацитет и луѓе кои знаат да рефлектираат на политичките случувања во регионот на Западен Балкан. Нашата земја треба да биде пример, како што беше до денес, во однос на управувањето со состојбите дури и кога беа предвидени ризици за земјата, со разбирање и дијалог ги надминавме и денес сме добар пример што го земаат другите земји за управување со кризи, како што ние имавме“, порача Ахмети.

Слични содржини