Дури и Скопје, по Тирана и Приштина, го положи националниот испит со тоа што застана зад барањето за слобода и правда за нашите ослободители, сподели лидерот на ДУИ по денешниот протест на ветераните на ОВК.
„Албанците зборуваа едногласно: време е нашите синови да се вратат дома! Во името на народот: Нашите синови се невини, нашата војна е чиста! Војната на ОВК е света и затоа, сите ние, големи и мали, мажи и жени, сме ОВК! Слава на мачениците на нацијата низ децениите и вековите, вечна албанство“, порача Ахмети.