Ахмети: Заедно во НАТО, заедно и во ЕУ

од Vladimir Zorba

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети заедно со соработниците вечерва се сретна со жени од Тетово во организација на Унијатаta на жени на ДУИ во градот Тетово. Покрај Ахмети, говори имаа и потпретседателката на ДУИ, Арбана Пашоли, генералниот секретар Фатон Ахмети, пратеничките Рина Ајдари и Фиснике Бектеши-Шаќири, како и претседателката на Унијата на жени во Тетово, Мерита Мустафаи.

„Се наоѓаме во ситуација кога се бара решение, како што имавме проблем со името, сега имаме и со уставните измени, така и општеството на нашите сограѓани стана многу политизирано. Македонските публицисти пишуваат писма како да не сум за поддршка на моите сограѓани. Грешат, затоа што јас ги поддржував и ги поддржувам, затоа што во НАТО не сме поделени туку заедно, во ЕУ ќе бидеме заедно, затоа мора заедно да ги решаваме проблемите. Имам разговарано и за историските проблеми со нашите политички партии, кажав да размислите и да направите научна проценка на состојбите, бидејќи ништо не се изгуби ниту од Охридскиот договор, ниту од Договорот од Преспа, напротив, добивме членство во НАТО, значи со договорот со Бугарија ништо не губиме, напротив го легитимираме идентитетот на нашите сограѓани. Со членството во ЕУ победуваме, бидејќи создаваме услови да ја запреме миграцијата и да ги вратиме нашите луѓе кои заминаа“, вели Ахмети и додава:

„Досега одржавме многу средби во рамките на оваа агенда, дадовме и добивме мислења од многу луѓе, но можам да кажам дека направивме многу голема работа, бидејќи денес имате Албанци на водечки позиции, на позиции со целосна одговорност. Посакувам да започнат работите за Коридорот 8 затоа што имаше административни доцнења, и за „Пат на Арбанот”(Rruga e Arberit), за делницата на Скопје-Блаца и за проектот ЕБОР во Кичево. Горд сум на тимовите кои ги водат овие работни места. Светската криза не погоди и нас, но благодарение на знаењето и подготовката на нашите тимови, ги надминавме овие проблеми“, посочи тој.

Слични содржини