АХВ: Во Македонија нема холандски јајца со инсектициди

од desk2
82 прегледи

Во Македонија нема увоз на конзумни јајца од Холандија за кои Европската комисија предупреди дека дел од количините пласирани во неколку европски земји се загадени со инсектициди, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Според АХВ, единствен увоз на овој производ во земјава е од Република Србија од каде во првите шест месеци од 2017 година биле увезени вкупно 162.560 килограми конзумни јајца, а во 2016 година 509.402 килограми.

– Домашното производство и увозот на конзумни јајца во Република Македонија се под постојана контрола на официјални ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство. Од досега извршените контроли и реализацијата на Националната мониторинг програма не се евидентирани отстапувања во поглед на безбедноста, ниту во домашното производство, ниту во увезените количини, наведува АХВ.