
Француското воено информациско списание Air & Cosmos објави интересен материјал, во кој открива некои технички детали за перспективите на новиот руски авион бомбардер, кој е дел од стратегијата за созадавње на летала за далечни дејтвија наречен ПАК ДА.
Авторите на публикацијата забележуваат дека конкурсот за создавање на новиот авион е објавен пред 10 години и беше договорен да го развива КБ Туполев. Во следните три години е создаден проект наречен “производ 80”, одобрен во пролетта 2013 година и уште во декември е потпишан договор за создавање на технички проект ПАК ДА
Air & Cosmos обрнува внимание на еден интересен момент: Проектот ПАК ДА има дизајн на “летечко крило” со маса од 145 тони и носивост од 30 тони. Авторите забележуваат дека неговата маса лежи помеѓу Ту-22М3 (124 тони) и Ту-95СС (185 тони).
“Производ 80” е скоро двојно побрз од стратешкиот авион носач на стратешките ракети Ту-160, кој има маса од 275 тони. Француското издание нагласува дека ПАК ДА ќе лета со надзвучна брзина и ќе може да прелета 15.000 км со едно полнење нагориво.
Бомбардерот ќе биде придвижуван од два моќни тирбо реактивни мотори со потисок од по 23 тони. Тие ќе бидат направени со користење на технологии на генератор на гас. Најверојатно, ова ќе биде NK-65 во моторната фабрика во градот Кујбишев.
Како поента Air & Cosmos истакнува дека поради продолжувањето на програмата за изградба на Ту-160М2, почетокот на создавање на ПАК ДА ќе биде одложено барем за5 година, се додека се во вооружување Ту-95МС.