“АЈДЕ“ бара веднаш да се повлечат контрадемонстрантите од пред Уставен суд

од desk3
79 прегледи

Платформата за граѓанска политика АЈДЕ! го осудува запоседнувањето на просторот пред Уставниот суд, на кој беше најавен во јавноста и пријавен во МВР граѓанскиот протест и бдеењето за одбрана на Уставот. Со овој контрапротест, власта уште еднаш покажа дека е подготвена на сè за да го спречи владеењето на правото и да ги згази основните слободи и права на граѓаните на Република Македонија.

kontra1

Од организаторите на овој контрапротест бараме веднаш да се повлечат од зградата на Уставниот суд, а од МВР да ни овозможи да го оствариме своето уставно право на јавен протест и да поднесе кривични пријави за оние кои повикаа и го реализираа овој срамен и безумен чин.

Исто така, ја осудуваме и незаконската и кукавичка одлука на Уставниот суд да ја затвори за јавност утрешната седница на која судиите од тефтерчето на власта планираат да го озаконат нејзиниот криминал и бандитизам.

Преседан! Уставниот суд ја исклучи јавноста од утрешната седница

Ја повикуваме меѓународната заедница будно да ги следи случувањата кои водат кон продлабочување на политичката криза во државава и кои јасно и недвосмислено покажуваат дека во Македонија не се спроведуваат никакви реформи и дека нема услови за слободни, фер и демократски избори.

Затоа ние, граѓаните, уште еднаш ги повикуваме сите слободоумни граѓани и граѓанки да ни се приклучат во битката за дражавата, слободата и правдата и да дојдат масовно на денешниот протест во 18 часот, пред Владата на Република Македонија.

 

Интегрален текст