ustaven

Уставниот суд денеска преку својата веб страница информираше дека за утрешната седница, на која меѓудругото ќе се ослучува и за законот за помилување, јавноста ќе биде исклучена. Ова е преседан во работата на Уставниот суд знаејќи дека согласно деловникот на судот јавноста се исклучува единствено ако тоа го бараат интересите на безбедноста и одбраната на земјата, чувањето на државна, службена или деловна тајна, заштитата на јавниот морал и во други оправдани случаи

helsinski

За оваа постапка на уставниот суд реагираа од Хелсиншкиот комитет.

“Денес, 15 март 2016 година, на веб страницата на Уставниот суд беше дополнето известувањето за одржувањето на утрешната 7-ма седница на Судот. Според известувањето, Уставниот суд наводно одлучил седницата да биде затворена за јавноста. Според Член 83 од Деловникот на Уставниот суд работата на Судот е јавна. Членот 85 утврдува дека јавноста може да се исклучи ако тоа го бараат интересите на безбедноста и одбраната на земјата, чувањето на државна, службена или деловна тајна, заштитата на јавниот морал и во други оправдани случаи што ги определува Судот.

СЈО работи на над 540 илјади фајлови од следење на комуникации

Упатуваме јавен повик до претседателката на Уставниот суд да даде образложение поради која причина и на кој начин е донесена одлуката за исклучување на јавноста за време на утрешната седница? Имајќи предвид дека за исклучувањето на јавноста одлучува Уставниот суд, односно мнозинството на уставни судии, прашуваме дали и кога е одржан работен состанок на уставните судии за утврдување на постоењето на оправдани причини за затворање на седницата и донесување на ваква недемократска одлука или таа е донесена самоволно од страна на претседателката, некој од другите судии, или вработени во Судот?

Сметаме дека Уставниот суд не смее да ја продолжи тенденцијата на нетранспарентност на институциите и да дозволи поинакво дефинирање на јавното следење и информирање за неговата работа. Потсетуваме дека претседателката на Уставниот суд во јуни 2014 донесе усна одлука со која на медиумите им забрани аудио-визуелно снимање на седниците на Уставниот суд. Со денешната одлука, Уставниот суд целосно се затвора за јавноста, што е спротивно на принципите на демократијата и владеењето на правото.

Во моментов набљудувачи на Хелсиншкиот комитет присутни пред и околу зградата на Уставниот суд информираат дека таму се собрани стотици граѓани што се потпишуваат на списоци и на кои им се делат сендвичи и пијалоци. Очигледна е намерата на овие граѓани да го спречат или смеќаваат одржувањето на  уредно пријавениот мирен јавен собир пред Уставниот суд во текот на денешниот и утрешниот ден. Хелсиншкиот комитет укажува дека ваквиот вид на контра-протест на таа локација и во тој временски период е недозволив, а доколку биде спроведен граѓаните што во него учествуваат ризикуваат сторување на кривичното дело Спречување или смеќавање јавен собир од Член 155 од Кривичниот законик. Санкцијата, предвидена за ова дело, е парична казна или затвор до една година.

Ги повикуваме сите граѓани што се повикани или своеволно упатени на контра-протест да се воздржат од ваквата активност и своето незадоволство да го искажат на друга локација од онаа пријавена за одржување на денешниот и утрешниот јавен собир. Апелираме политичките партии да се воздржат од користење на говор на омраза на политичка или било која друга основа и да не ги користат граѓаните за нивните политички интереси и цели.

Слични содржини