Ковачевски: Им порачувам на Мицкоски, Ахмети и Давкова – граѓаните се свесни за вредноста на мирот и стабилноста што ги гради СДСМ

од Vladimir Zorba

„СДСМ е единствената политичка партија која без обзир на сѐ, никогаш нема да се откаже од инклузијата, карактеристика која константно придонесува мултиетничкиот карактер на Македонија да биде наша предност и адут, а не камен на сопнување,“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од граѓанскиот митинг во Кочани.

Тој се осврна на опасните наративи деновиве, кои може лесно да го разгорат огнот на меѓуетничката нетрпеливост. Лидерите на ВМРО и на ДУИ, но и претседателскиот кандидат Давкова, рече Ковачевски, се однесуваат во најмала рака неодговорно и кон државата и кон граѓаните. Како и дека ако таа нивна неодговорност, не се спречи, еден ден сите заедно ќе ја платиме, на еден или на друг начин.

„Користам прилика да им порачам и на Мицкоски и на Ахмети и на Давкова – граѓаните се свесни за вредноста на мирот и стабилноста што ги гради СДСМ. Граѓаните знаат дека на сите нѝ треба европска иднина, а не враќање 20 години во закопаното минато. Престанете со препукувањата, со скандирањата и заканите. Тие никому не му носат добро. Имаме морална должност кон вас, кон себе си, кон нашите деца и идни генерации, да се „препукуваме“ со идеи и проекти, не со закани и заплашувања. Нашите гласачи очекуваат издржани решенија и активности, не скандирања, навреди и недостоинствен однос,“ истакна Ковачевски.

Тој порача дека нема да им се дозволи да си играат со европската иднина на нашите деца и да се коцкаат со нивната иднина.

Слични содржини