Популарната плажа на Флорида, New Smyrna Beach, го доживеа вториот напад на ајкула за една недела. Овој пат, млад сурфер бил каснат од ајкула во плиткото.
Имено, сурфер од Мајами, кој има околу 30 години, бил нападнат од ајкула долга два метри додека сурфал во вода која едвај го надминувала неговиот струк, пишува Фокс 35.
Под него одеднаш се појавила ајкула која го каснала за левото стапало.
На местото на настанот му била укажана лекарска помош поради каснување на левата нога, а потоа сам се превезол во болница.
Според извори, нападот се случил нешто по 13:00 часот во неделата. Инаку, ова е четврти пат од почетокот на годината овој предатор да напаѓа луѓе на New Smyrna Beach.
Shark bites surfer in New Smyrna Beach; fourth incident for the year, second in a week https://t.co/mevWFwfSo2 It's summertime
— Bob south florida water man (@WaterDean) July 11, 2022