Алберт Ајнштајн имал сестра Марија со која бил особено поврзан, а биле само две години разлика.

Во детството биле најдобри пријатели, а Алберт, како научник, бил многу срамежлив, па останале блиски со МАрија цел живот. Ајнштајн најчесто со писма се отворал пред неа, и и доверувал тајни.
Тие писма на почетокот на мај ќе бидат понудени на аукција организирана од „Кристи“, а доаѓаат од колекцијата на Марија Ајнштајн.
Содржат и до сега невидена фотографија од Алберт како 5 -годишно момче, единственото сочувано писмо до татко му Херман Ајнштајн, а писмата, разгледниците и фотографиите датираат од 1897 до 1951 година.
„Она ѓто е неверојатно е дека цел живот бил еднакво близок со сестра му како и во детството. Јасно е дека кога и пишува нејзе, паѓаат сите маски. Бил свесен дека од него многу се очекувало, посебно откако станал познат, но единствено пред неа покажува слабост“, вели Томас Венинг од „Кристи“.
„Што се однесува на науката, веќе некое време не сум постигнал многу. Мозокот ми се исклучува од време на време со доаѓање на староста, и тоа не е претерано непријатно. Исто така, значи дека сум помалку одговорен за постапките во доцните години“, пишува Ајнштајн само девет години откако ја формулирал теоријата на релативитет.
Деветнаесет години подоцна напишал: „Среќен сум со својата работа, иако во оваа и други работи сфаќам дека генијалноста од младоста е зад мене“.
„Ние во физиката се тетеравиме по мракот, секој е потполно скептичен околу она во што неговиот колега верува со цело срце“, пишува Express.hr.
„Сите константно сме под стрес, нема одмор. Барем се тешам со тоа дека многу мои достигнувања станаа темел на нашата наука“, вели во едно писмо Ајнштајн, а според венинг тоа е редок момент во кој се осврнал кон науката.
„Станав многу сакан, и многумина ми завидуваат“, напишал помирливо и искрено физичарот на сестра му и нејзиниот сопруг.