Ајровски: Во Дебар бројот на заболени е 16 лица, а изолирани се 47

од Берта Китинска
191 прегледи

Во Центар Жупа и Дебар е тешка состојбата , но се е под контрола, изјави, во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Феми Ајровски, раководител на Центарот за управување со кризи од кризното подрачје во Дебар.

-Бројот на заболени е 16 лица, а изолирани се 47. Формиран е Кризен штаб кој ги презема сите мерки согласно планот донесен од главниот штаб за управување со кризи. Населението строго ги почитува мерките на Вадата за движење и е сведено на итни потреби. Затекнатите 82 лица меѓу кои и странски државјани сместеи се во хотели, снабденоста на маркетите е редовна. Се работи според процедурите за управување со кризна состојба и професонално ја менаџираме ситуацијата со поддршка на локалните единици и другите субјекти за управување со кризи, рече Ајровски.

Слични содржини