540
Ви го откриваме рецептот за највкусниот ајвар кој се подготвува на нашите простори.
Состојки:
15 кг пиперка
5 кг модар патлиџан
800 мл масло
4 супени лажици сол
2 лажици шеќер
2 супени лажици оцет
Подготовка:
Измијте ги пиперките и модриот патлиџан и испечете. Потоа исчистете ги и сомелете ги. Во тавата истурете 800 мл масло, загрејте ја и додадете ги пиперките и модриот патлиџан. Додадете сол, шеќер и оцет. Гответе со постојано мешање.
Топлиот ајвар истурете го во врели стерилизирани тегли, затворете цврсто и вратете во рерна 90 минути на 90 степени. Оставете ги преку ноќ во рерната.