Академик Беџети: Случувањата кај Грција како и да се развиваат ќе имаат сериозни економски импликации врз земјава

од desk3
125 прегледи

Случувањата кај јужниот сосед како и да се развиваат ќе имаат сериозни економски импликации врз земјава, оценува академик Абдулменаф Беџети. Грција е значителен трговски партнер на Македонија со која годишно трговска размена се движи до 900 милиони американски долари, со изразен дефицит на македонска страна, напоменува Беџети-вели тој за РСЕ.

4581217279_0f2c4d4e8f

„Ако се случи Грција да се оддалечи од еврозоната, тоа значи да се врати на својата национална валута драхмата, веројатно при една таква депрецијација на националната валута уште повеќе ќе се влошува овој трговски дефицит со Македонија ако останат и економските релации на таа основа, бидејќи таа ќе биде уште поконкурентна. Значи, прво билатерално ќе биде поконкурентна, второ и во мултилатерала ќе биде поконкурентна во однос на тоа што може да биде супститут на одредени сектори и производи од раноградинарството што Македонија исто така ги произведува и ги извезува во Европската унија“, вели Беџети, кој очекува негативни трендови и кај грчките инвеститори во земјава.

Во однос, пак, на Унијата, тој очекува да се најде начин и тројката во Европската унија да стане, како што вели, порационална во однос на нивните барања бидејќи на акумулираниот проблем со години не можело да се бара решение за шест месеци.

„Веројатно ќе се направат нови репрограмирања и на некој начин тие ќе бидат порационални, а претпоставувам и дека владата во Грција ќе биде порационална откако е охрабрена со оваа одлука“, вели Беџети.

Повеќе ТУКА