Акиција на МВР: Уапсени 11 жени, се сомничат дека учествувале во трговија со луѓе

од Берта Китинска
524 прегледи

Денеска (24.12.2021) околу 03.15 часот полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект во тетовско Желино, сопственост на 49-годишниот З.С. од ова село. При контролата биле затекнати и лишени од слобода 11 женски лица ( 6 странски државјанки – 5 од Република Албанија и 1 од Република Србија и 5 наши државјанки) поради сомнение за нивна инволвираност во кривично дело „трговија со луѓе“ (член 418 А од Кривичниот законик), соопштија од МВР.

По лишувањето, 11-те женски лица на возраст од 27 до 45 години задржани се во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.