Ако Аргентинците ја имаа „Божјата рака“, Србите ја имаат „Божјата нога“ (ФОТО)

од Nikola Popovski
190 прегледи

Интервенцијата на српскиот репрезентативец Стефан Митровиќ, која ја спречи победата на Португалија против Србија во Белград и реакцијата на Кристијано Роналдо после тоа, не престануваат да бидат инспирација за бројни шеги и коментари на социјалните мрежи.

Лизгачкиот старт на Митровиќ со кој „спаси“ гол, иако топката веќе ја мина гол-линијата веќе стана легендарен, а реакциите што следуваа станаа вирални.

Да имаше ВАР технологија на стадионот, катастрофалната реакција на голманот Дмитровиќ веројатно ќе беше во центарот на вниманието, вака Стефан Митровиќ стана „персонификација“ на Марадона.

Така, некој објавил коментар на социјалните мрежи „Божјата нога“, алудирајќи на култниот момент на светскиот фудбал кога легендарниот Диего Армандо Марадона го нарече спорниот погодок против Англичаните како „Божја рака“.

Слични содржини