Ако биде во сенка на Леклер, Хамилтон ќе го напушти Ферари!?

од Vladimir Zorba
47 прегледи

Новинарот Скот Мичел-Малм ја прокоментира можноста Луис Хамилтон да се раздели со Ферари, иако тој штотуку го започнува своето ново поглавје во Формула 1 со италијанскиот тим.

Според Мичел-Малм, шансата за такво сценарио е минимална, но не и целосно исклучена.

„Веројатноста за ова, според мене, е многу мала. Но, ако сезоната на Хамилтон во 2025 година е крајно неуспешна и тој исто така биде победен од Шарл Леклер, возачот може да одлучи дека е време да замине“, изјави тој за F1oversteer.

Британецот му се приклучи на Ферари со амбиција да се врати во борбата за титулата, но доколку резултатите не ги исполнат неговите очекувања, неговата иднина со тимот може да стане нејасна.

Слични содржини