Иако се продлабочуваат тензиите меѓу Москва и Западот, Европската комисија одобри решение кое му овозможува на рускиот гасен гигант “Газпром” да испорачува повеќе гас по германски гасовод, соопштува “Политико”. Сепак со одлуката Брисел го навлече гневот на Украина и Полска.Вчера вечерта Комисијата даде зелено светло како одговор на двегодишната дебата дали “Газпром” треба да добие дозвола за користење на поголем капацитет од цевката.

Од рускиот гасен гигант забележаа дека одобрението ќе им овозможи на да испорачуваат повеќе гас на регион, кој има потреба од повеќе испораки на сино гориво.
Противниците, особено држави од Централна и Источна Европа, аргументираат дека ова е политички потег кој цели да ги зацврсти позициите на руската компанија на енергетските пазари, особено откако се истакнува дека Комисијата е подготвена да ја прекине антимонополската истрага против “Газпром”.
Одлуката на Комисијата доаѓа по неколку одложувања од 2013 година и пред крајниот рок в понеделник.
“Газпром” ќе може да го зголеми капацитетот на испораки на гас за цевката ОПАЛ (капацитет од 36 милијарди кубни метри гас годишно), која е продолжение на “Северен поток”, доставува гас од Русија за држави од ЕУ.
Таа ги заменува смалените доставки од Северното Море и Холандија, каде гасните наоѓалишта се исцрпени.
Извор од ЕУ најави дека дополнителните количини ќе бидат доставени преку “Северен тек” и ОПАЛ, ако е неопходно, бидејќи во регионот се зголемува побарувачката на гас.
Полска и Украина се спротивставија на одлуката уште пред Комисијата да ја објави. Двете страни може да изгубат многу пари, ако “Газпром” испорачува повеќе гас преку ОПАЛ, бидејќи ќе го одврати снабдувањето од териториите на двете земји.
Полската компанија PGNiG е подготвена да ја тужи Комисијата и германскиот енергетски регулатор на основа дека одобрението го нарушува Третиот енергетски пакет на Унијата.