Ако ги елиминирате ОВИЕ намирници, можете да го намалите потењето

од Vladimir Zorba
568 прегледи

Мирисот за време на потењето може да биде крајно непријатен, особено ако има огромни дамки на облеката што ја носите. Најчесто прво се појавуваат под пазувите, но можат да се појават и на друго место.

Иако на многумина им е непријатно, тоа е сосема нормално и всушност е начин на вашето тело да ја регулира температурата.

Исто така, потта нема свој мирис како што многумина мислат. Само кога ќе дојде во контакт со бактерии на телото, потта добива остар и непријатен мирис.

Д-р Лори Хупер од здравствената организација „The Natural Deodorant Co“ наведува дека потењето игра важна улога во одржувањето на нормалното здравје и помага на нашите тела да ја регулираат телесната температура и да ги отстранат токсините.

Сепак, постојат некои намирници кои го зголемуваат потењето, па доколку сакате да ја намалите оваа појава, намалете ја нивната консумација.

Храната што треба да ја избегнувате се силните зачини како што се кари и чили. Нашето тело реагира на зачинета храна на ист начин како што реагира на високи температури. Овие намирници ве тераат да се потите повеќе за да го разладите телото.

Дополнително, д-р Хупер наведува дека кофеинот треба да се избегнува бидејќи го стимулира централниот нервен систем и ги поттикнува надбубрежните жлезди да работат понапорно.

Затоа, доколку сакате да го намалите потењето, внимавајте почесто да се туширате, да носите дезодоранси на чисто тело и да носите полесна облека од материјал што дише.

Слични содржини