Според светските статистики, едно лице во просек дневно пие 3 шолји кафе. Бидејќи се работи за просек, а има и луѓе кои воопшто не го пијат, тогаш логично е дека некои пијат дури и повеќе од оваа количина.
Факт е дека кафето има низа позитивни ефекти врз здравјето, но не смеат да се занемарат и негативните, кои се појавуваат кога претерувате со количините.
Со овие симптоми, телото ви порачува дека го правите токму тоа:
Проблеми со стомакот
Кафето има лаксативен ефект, кој кај некои е поизразен, а кај други не. Во големи количини, може да предизвика дијареја, а со тоа и дехидрирање. Ако имате каков и да е проблем со стомакот, време е да го намалите внесот на кафе.
Константен замор
Бидејќи кофеинот го стимулира вашето тело, може да се случи да спиете без пречки, но сепак следниот ден да се чувствувате уморно. Тоа е нуспојава токму на кофеинот, бидејќи го одржува нервниот систем буден.
Анксиозност
Големите количини кафе може да бидат тригер за анксиозни епизоди. Ако забележувате дека тоа ви се случува, најпрво обидете се да ја намалите количината кафе која ја пиете, па доколку не помага тоа, решавајте го проблемот на соодветен начин.
Несоница
Кофеинот ве одржува будни и не ви дава да заспиете, па може да се чувствувате како зомби (а и да изгледате слично на тоа). Обидете се да не пиете кафе доцна навечер.
Забрзана работа на срцето
Кафето не се препорачува на луѓе кои се склони кон висок притисок и тахикардија. Дури и кај целосно здрава личност може да предизвика проблеми со работата на срцето, ако се претерува со внесената количина.
Станувате зависни
Кофеинот помага за слабеење, бидејќи го забрзува метаболизмот за 3-11%. Поради ова, луѓето стануваат зависни од него и го внесуваат во количини поголеми од препорачаните.