513
Доколку има потреба и по 20 април ќе биде продолжен полицискиот час, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
-Веројатно ќе дискутираме викендов и на почеток на следната недела. Ќе ги пратиме бројките и менаџирањето на болниците. Во зависнот од индикаторите ако има потреба, дефинитивно да, изјави Филипче.
Тој денеска кажа дека има намалување на новодијагностицирани случаи.
-Епидемиолошката крива е во континуиран пад, тоа значи дека мерките ги даваат резултатите. Притисокот е се уште голем кај болниците, но тоа добро се менаџира во сите здравствени установи. Има слободни кревети и во Скопје и во другите градови, истакна Филипче.