Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека бројките за неговиот рејтинг на одобрување објавени денеска од американскиот претседател Доналд Трамп се „дезинформации кои доаѓаат од Русија“.
„Ако некој сака веднаш да ме отстрани, тоа нема да се случи сега. И друга работа, бидејќи веќе е околу четири проценти, ја видовме оваа дезинформација, ние разбираме дека доаѓа од Русија. Ние разбираме дека и имаме докази дека овие бројки се дискутираат меѓу Америка и Русија. За жал, претседателот Трамп, кон кого се однесуваме со голема почит како водач на американскиот народ, кои многу ги почитуваме и кои постојано не поддржуваат, живее во овој простор на дезинформации“, изјави Зеленски.
Тој вети дека наскоро ќе објави социолошки податоци за довербата на Украинците во различни политички лидери, пренесе Укринформ.