По неуспешниот обид за државен удар турскиот претседател Ердоган го гони “Движењето Гулен”. Тоа, сепак, не е во интерес на Западот, тврди ФАЦ .

Тие беа истомисленици, а денес се смртни непријатели. И двајцата се во основата на подемот на еден нова анадолска елита, кој управува Турција од 2002 година – политичарот Реџеп Тајип Ердоган и проповедник Фетхуллах Гулен. Двајцата никогаш не работеле заедно, но се надополнуваа добро. Фетхуллах Гулен прв даде поттик за будење на Анадолија со повикот за современ ислам и модерно образование. Турците беа воодушевени од неговото слободно движење што ги поставуваше на преден план образованието и дијалогот со немуслиманите. Притоа структурите на движењето не се засноваа на задолжително членство, што последователно даде повод за укорите дека движењето е “матно”. Ердоган пак ги обра плодовите, стана политички водач на долго занемаруваните анадолци и ги доведе на власт во Анкара.
Првично Ердоган беше зависен од образовната елита на “Движењето Гулен” и постепено го спроведе во бирократската машина. Потоа ги елиминира сите политички непријатели и почна да го гони Гулен и неговото движење. Бидејќи членовите на движењето не се потчинија на Ердоган, и остро го критикуваа забавувањето на реформите и авторитарниот стил на управување.
Гулен и обидот за преврат
Во 2013 година, кога блиски до Гулен адвокати открија корупциска афера, тоа го погодува тешко Ердоган и тој објави војна на движењето. По неуспешниот обид за државен удар од 15 јули Ердоган сака да го ликвидира целосно “Движењето Гулен”. Самиот Гулен нема никаква врска со превратот. Бунтот беше планиран од едена хетерогена унија од незадоволни генерали од старата елита и од офицери блиски до Гулен. Во изминатите децении “Движењето Гулен” излезе од Турција и создаде низ целиот свет над 1 000 средни училишта и неколку универзитети.
Сега турските дипломати инсистираат за затворање на училиштата на Гулен. Последиците ќе бидат катастрофални, ако владите отстапат пред овие барања. Создадениот вакум во некои земји ќе биде исполнет од саудиски училишта. Во некои други држави ќе биде загрозено новиот турски среден сталеж, екстатично од идеите на Гулен. Повеќето претставници на ова среден сталеж се дипломирани и за разлика од поддржувачите на Ердоган, се интегрирани во нивните општества. Покрај тоа гонењето на “Движењето Гулен”, Ердоган се бори против еден толерантен ислам, споредлив со западната демократија и плуралистичко општество. И ова гонење не може да биде во интерес на Западот.
Frankfurter Allgemeine Zeitung