Ако пратениците е неуставно да се соберат , уставно ли е Вељановски да патува како претседател во Рим?

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Додека демонстрантите ја бојат зградата на Собранието, а меѓународните  претставници со лидерите на партиите бараат законски начин како да го соберат Парламентот и да ги одложат изборите, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски си отпатува за Рим, на ауденција кај папата Фрањо, по повод празникот Кирил и Методиј. Точно така во својство на претседател на парламентот. Иако тој е еднаков на сите пратеници, и е само прв меѓу еднаквите, само спикер , неговиот мандат е очигледно активен и најважечки, а другите се распуштени. Тој прима и оди во официјални посети од државата , а останатите пратеници , рамни на него се пасивизирани и тие немаат право на глас и настап како пратеници ниту пристап во парламентот.Тоа значи дека гласовите на Вељановски имаат поголема важност од гласовите на останатите пратеници кои исто бараат да изразат свој став на официјална седница за што се платени од народни пари. Вака поставени работите значи дека плата може да се земе само за шетање на претседателот, апанажа за седење дома ама не и за работа.

Белким не мисли некој дека посетата на Вељановски е тешка и висока политика,  и дека папата ќе се преврти на глава од тоа што ќе му го каже Вељановски?

Сепак тој  си отпатува и  пред да замине за Ватикан испрати соопштение дека останува на ставoт дека нема уставна можност повторно да се свика Собранието!?

А демострантие на антивладината шарена револуција и синоќа  му беа пред Парламентот, ќе бидат и утре најавија , и задутре се додека тој се врати од проштеката за РИМ на државана сметка, како распуштен претседател нели . Ма све по список и  Устав! .

.

Слични содржини