АКО РАБОТИШ ЗА ОВАА КОМПАНИЈА ВО ГЕРМАНИЈА, ИМАШ СРЕЌА: Шефот им дава годишен бонус на вработените во износ од 43.500 евра бруто

од Vladimir Zorba

Во далечната 1997 година, германскиот производител на видео игри CipSoft ја издаде култната игра „Tibia“. Во моментов има околу 500.000 активни играчи, што на компанијата од Регенсбург, Баварија и донесе рекорден профит од 14,5 милиони евра во 2023 година (плус 22 отсто во споредба со претходната година).

Шефот на компанијата Стефан Воглер (47) сака да го подели овој профит со своите вработени.

– Cipsoft проследува четвртина од својот годишен профит на своите вработени. Сите кои се вработени во Cipsoft повеќе од 2,5 години добиваат целосен бонус, објаснува 47-годишниот за BILD.

Имено, 85 отсто од околу 100 вработени може да се радуваат на дополнителни десет месечни плати – тоа во просек значи околу 43.500 евра бруто по вработен.

Додека другите програмери во индустријата за игри се мачат, работите сè уште одат добро за Cipsoft.

– Среќни сме што лансиравме сервисна игра во живо со „Tibia“ која има многу лојална заедница зад себе, но во која исто така инвестиравме на вистинските места во последните неколку години, вели Воглер.

За споредба, Ferrari на своите вработени им плаќа годишен бонус од 13.500 евра, Porsche 10.000 евра, Mercedes 7.300 евра, Opel 2.000 евра.

Слични содржини