Според најновата студија објавена детално во научното списание The Lancet – луѓето кои работат физички потешки работни места имаат поголема веројатност да заболат од деменција.
– Нашата работа го истакнува она што се нарекува парадокс на физичката активност – поврзаноста на физичката активност во слободно време со подобри когнитивни исходи и како физичката активност поврзана со работата може да доведе до полоши когнитивни исходи – нагласи главниот автор на студијата Вегард Скирбек, професор за население и семејно здравје на Универзитетот Колумбија.
Според The Sun, тој и неговиот тим спровеле студија во соработка со Националниот центар за стареење и здравје во Норвешка и Центарот за стареење Butler Columbia, во која тие заклучиле дека „конзистентно работење во занимање со средни или високи физички барања, се поврзани со зголемен ризик од когнитивно оштетување“.
Побарувачките работни места се дефинирани како оние кои „бараат значителна употреба на рацете и нозете и движење на целото тело, како што се качување, кревање, балансирање, одење, свиткување и ракување со материјали“. Тоа се главно занимања на продавачи во малопродажба и на други места, како и на медицински сестри, фармери и сточари.
Истражувачите дошле до овој заклучок откако ги анализирале податоците од 7.005 учесници од студијата „HUNT4 70+“ – една од најголемите светски студии за деменција врз основа на популација на луѓе на возраст од 33 до 65 години. Од вкупниот број на испитаници, на 902 лица им била дијагностицирана деменција подоцна во животот, додека дури 2.407 страдале од поблаги когнитивни нарушувања (што не мора да води до деменција).
Истражувачите откриле дека луѓето на физички напорни работни места имаат околу 15,5 проценти поголема веројатност да развијат деменција во споредба со само девет проценти од оние кои работат со помалку физички напорни работи.
Истражувачите заклучија дека постојат неколку причини за ова откритие.
Во случајот, да речеме, медицинските сестри, се наведува дека нивната работа често се „карактеризира со недостаток на автономија, продолжено стоење, напорна работа, ригидно работно време, стрес, поголем ризик од исцрпеност, а понекогаш и незгодни работни денови“, според студијата.
Ваквите работни услови може да го загрозат здравјето на мозокот во староста, бидејќи зголемената физичка активност „е поврзана со помал волумен на хипокампусот и послаби перформанси на меморијата“.
Истражувачите, исто така, напишаа дека, од другата страна на работниот спектар, работните места со помалку физички напор ја намалуваат веројатноста за когнитивно оштетување, бидејќи им се овозможуваат повеќе паузи и затоа подолго време за опоравување.
Интересно е што истата теорија не важи за повисоките нивоа на активност во слободното време, кои се обратно поврзани со „помал ризик од когнитивно оштетување“. Со други зборови, студиите не ја отфрлија целосно фразата „во здраво тело, здрав ум“.
Друга теорија за врската помеѓу загубата на „мозокот“ и „физикалците“, според студијата, е дека инженерството, административната работа, наставата и другите „когнитивно стимулирачки“ професии веројатно им помагаат на луѓето да одржат високо ниво на когниција подоцна во животот.
Студија од 2016 година покажа дека следните работни места помагаат во одржување на здрава функција на мозокот: менаџер, наставник, адвокат, социјален работник, инженер, физичар, лекар, стоматолог и фармацевт.