Ако сакаме швајцарски плати, треба да работиме многу повеќе, вели Заев

од Берта Китинска
497 прегледи

Премиерот Зоран Заев не го поддржува предлог законот за скратено работно време на администрацијата, односно во петок да работи само по 4 часа.

-Треба повеќе да работиме, не помалку. Но, како предизборно ветување на политичките партиципиенти во власта  тоа е ставено на НР и за ова прашање допрва се отвараат дискусија. Јас верувам дека граѓаните ќе си кажат тоа што е реалноста во државава, а реалноста е тоа што ако сакаме швајцарски палти треба да работиме многу повеќе од таа продуктивност што денес ја имаме. Сите. Еве почнувајки од себе, па до сите  работници, вработени во приватниот и јавниот сектор. Ги знаете моите ставови и за севкупната продуктивност на населението и севкупната продуктивност и ефикасност на администрацијата. Како народ, треба повеќе да работиме, не помалку. Но, како ветување предизборно на политичките партиципиенти во власта, тоа е ставено на ЕНЕР и допрва ќе се отвора дискусија за ова прашање. Верувам дека граѓаните ќе си кажат тоа што е реалноста во државата, а реалноста е дека сите ако сакаме швајцарски плати, треба да работиме многу повеќе – од таа продуктивност што денеска ја имаме, почнувајќи од себе, па секако, до сите работници во приватниот и во јавниот сектор. Вториот дел, ефикасноста на јавната администрација е нешто што е сериозен фокус и мора да биде фокус. Видовме дека целиот систем со 38 отсто на работа луѓе за време на брановите на пандемијата, функционираше. Тоа само по себе кажува дека постојните капацитети на администрацијата мора да бидат максимално искористени. Тоа е очекувањето на граѓаните, но кога имате нешто отворено на ЕНЕР, несоодветно е премиерот да каже кои се очекувањата на граѓаните, туку граѓаните да си ги кажат своите очекувања, истакна Заев.

Слични содржини