Во многу арапски земји жените се подложени на сексуално насилство пред кое властите ги затвораат очите. А законите често ги заштитуваат не жртвите, туку силувачите, како што покажува еден пример од Тунис.

“Хажер што си извршила !?” Со ова прашање водителот на едно ток-шоуто на туниска телевизија се обраќа на својата гостин во студиото. Младата жена е бремена. Таа вели дека постојано била силувана од тројца членови на семејството, откако наполнила 14-годишна возраст. Кога нејзиниот татко дознал за бременоста, ја исфрлил на улица. Млада, немажена и бремена – каков срам за семејството! “Треба што поскоро да паднеш на колена пред својот татко и да го молиш за прошка”, препорачува водителот на емисијата.
Неговото однесување предизвика бран негативни коментари на социјалните мрежи. Реагираа и властите – предметното ток шоу беше суспендирано за 3 месеци со објаснување дека водителот го нарушувал човечкото достоинство на жената. Во своја одбрана, телевизиски новинар изјави дека медицинските истражувања не ја потврдуваат верзијата за силување. Истото го тврдел и братот на девојката. “Та јас не само така и предложив да се омажи за силувачот, на крајот тоа е предвидено во нашиот Кривичен законик, во член 227. Значи, ако има проблем, тој не е мој, туку на законот”, се правдановинарот .
Со тоа се согласува и Мони Бен, универзитетска професорка и претседател на женската набљудувачка група ATFD: “Законите во Тунис забрануваат сексуални контакти со девојки на возраст меѓу 13 и 20 години. Оние кои прават такво нешто, се казнуваат со затвор, освен ако сторителот не се согласи да се омажи за девојката. Ова го спасува од затвор. ”
Два пати казнети
Не само организациите за човекови права го критикуваат овој член од Кривичниот законик, кој де факто и наметнува на жртвата двојна казна. Многу млади девојки се принудени да го прифатат предлогот за брак, бидејќи се подложени на огромен притисок – од општеството, од семејството, од правдата. Често на самите жртви им е страв од можно гонење, бидејќи законите во Тунис забрануваат вонбрачен секс.

Овој проблем е познат и во други земји. Тој е дел од поголемиот проблем за насилството врз жените. Во Мароко пример, 63 проценти од жените во земјата барем еднаш биле жртви на сексуално насилство, стана јасно од официјално истражување. Податоците ги потврди самиот претседател на Мароко за време на една седница на парламентот: “60 проценти од сите жени? Не може да биде вистина. Бидејќи тоа би значело дека се однесува и до 60% од жените-пратеници”, изјави претседателот. Како реагира парламентот на оваа дебела шега? Со смеа. Темата сепак е дел од јавното табу: често на жртвите им се влева чувство на вина, или едноставно никој не им верува.
Самоубиството – единствен излез
За мароканките сепак тоа не е никаква шега. Во август едно 16-годишно девојче се самозапали во близина на Маракеш. Пред тоа девојката беше поднела жалба против 8 лица кои ја силувале, тортурирале и ја снимиле на видео. По кратко судење младите биле ослободени по што почнале да ја уценуваат жртва: и се заканиле дека ако продолжи да ја раскажува приказната, ќе го стават видеото на интернет. По што девојката посегнала по својот живот.
Овој случај многу потсетува на друг: во 2012 година Амина Фелали исто стави крај на својот живот, испи отров за стаорци, откако ја принудиле да се омажи за својот силувач. Случајот Фелали предизвика масовни улични протести во земјата со барање за поништување на срамниот став од законот кој им овозможува на силувачите да избегнат гонење, ако предложат брак на својата жртва. Овој текст беше избришан дури две години подоцна – вклучувајќи по масовниот притисок од странство.
Промени само на хартија
Во Алжир исто така беше изменет текст од законот со цел да се бранат подобро жените од сексуални напади. Промената сепак е само на хартија – силувачите може да останат без судска казна, ако се оженат за малолетниците жртви. По тој повод критичарите посочуваат дека правдата систематски ги казнува жртвите, а не нивните тепачи. Тоа е и една од причините поради кои многу млади девојки одбиваат да бараат правда во судот. Ако тие сепак се одлучат на такво нешто, општеството ги отфрла како “омрсени”.
Затоа правобранителски организации го критикуваат и менталитетот на општеството, кое очекува од младите девојки да остануваат девици и да ги заштитат честа на семејството. Додека тоа е така, жртвите на насилство нема како да добијат правда. Но за ваквата промена е потребно многу повеќе од укинувањето на неколку члена од законот.