Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ оцени дека ако веста за кандидатурата на српскиот претседател Томислав Николиќ на претседателските избори во Србија е вистинита, срамота е тој со тоа да и придружи на плејадата кандидати кои се против српскиот премиер Александар Вучиќ. 
– Повеќепати сум истакнал дека за Србија е најдобро да се зачува политичката стабилност по пат на кандидатура на човек кој ја ужива најголемата поддршка од народот, а тоа несомнено е Вучиќ, изјави Дачиќ за Танјуг.
Лидерот на Социјалистичката партија на Србија истакна дека ако Николиќ навистина се кандидира против Вучиќ, тој лично и цела СПС, како и Драган Марковиќ Палма, уште посилно ќе го поддржат Александар Вучиќ.
И Николиќ ќе се кандидира за претседател
– Единствено логично и рационално е кандидат да биде оној кој ќе победи, со или без Николиќ. А што ќе направи Николиќ без Вучиќ, и тоа е јасно – ништо, само ќе им помогне на оние кои се против Вучиќ. И тоа безуспешно, заклучи Дачиќ.
Александар Вучиќ: Прифатив да се кандидирам за претседател, за да има стабилност
Сегашниот претседател на Србија Томислав Николиќ ќе учествува во претстојните претседателски избори. Оваа информација беше распространета од рускиот сајт “Спутник”, кој наведува дека одлуката била донесена за време на прославата на 65-от роденден на Николиќ.

“Од кабинетот на Томислав Николиќ не сакаа ниту да потврдат ниту да ja одречат оваа информација”, соопшти државната телевизија РТС.
” Танјуг побара коментар за српскиот премиер и лидер на Српската напредна партија / СНС / Александар Вучиќ но тој молчи”, пренесе Танјуг.
Локално.мк потсетува дека раководството на СНС пред два дена ја покрена кандидатурата на Вучиќ за претстојните претседателски избори. Самиот Николиќ беше кандидидран од СНС за шеф на државата пред пет години. До моментов официјално се покренати кандидатурите на водачот на Српската радикална партија Воислав Шешељ, на поранешниот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, на досегашниот омбудсман Саша Јанковиќ и на лидерот на Движењето “Двери” Бошо Обрадовиќ . Кандидатурата на Вучиќ беше поддржана од Социјалистичката партија на Ивица Дачиќ, од Единствена Србија на Драган Марковиќ – Палма и од Социјалистичкото движење на Александар Вулин. Датумот на изборите треба да биде одреден во наредните десетина дена.