Актерка може да оди во затвор поради проѕирен фустан

од desk2
131 прегледи

Египетската актерка и манекенка Ранија Јусеф се соочува со затворска казна бидејќи на свеченото затворање на филмскиот фестивал во Каиро се појави во речиси провиден фустан низ кој ѝ се гледаа нозете и задникот.

Нејзиниот стајлинг на свеченоста предизвика бурни реакции во јавноста и на социјалните мрежи.

Група адвокати побараа од Јавниот обвинител на Египет да реагира поради нејзиниот изглед во јавност и против неа е отворено обвинение за непристојност во јавност.

„Би сакала уште еднаш да се извинам. Се надевам дека сите ќе сфатат дека немав лоша намера и дека не сакав никого да налутам“, напиша Јусеф (44) на нејзиниот профил на Twitter.

Таа истакна дека не очекувала нејзиниот фустан да предизвика такви реакции во јавноста.

Судското рочиште против Јусеф е закажано за на 12 јануари и ако биде прогласена за виновна се соочува со пет години затвор.