Актерката од јапонскиот хорор „Ring“ пронајдена мртва во својот дом

од Vladimir Zorba

Наградуваната јапонска актерка Јуко Такеучи е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Токио. Таа имаше 40 години.

Полицијата започна истрага и се сомнева дека мајката на две деца си го одзела животот, пренесува Би-Би-Си.

Такеучи беше исклучително популарна во Јапонија, а за време на нејзината кариера се појави во многу филмови и ТВ серии.

Во изјавата на нејзината агенција „Stardust Promotion“ рекоа дека се зачудени и тажни од веста.

Јуко Такеучи беше позната и по улогата во култниот јапонски хорор филм „Ring“ (1998), кој служеше како образец за холивудската верзија од 2002 година.

Таа исто така глумеше во женската верзија на Шерлок Холмс во серијата „Miss Sherlock“ на ХБО во 2018 година.

Три години по ред, помеѓу 2004 и 2007 година, таа ја добиваше наградата за најдобра актерка во Јапонија.

„Варајети“ известува дека нејзината топлина и насмевка и ја обезбедиле популарноста и кај огласувачите.

Иако самоубиството не е официјално потврдено во нејзиниот случај, одземањето на својот живот во последно време е причина за смртта на голем број јапонски таленти, вклучително и актерката Сеи Ашина на почетокот на овој месец, актерот Харум Миура во јули и боречката ѕвезда Хану Кимура во мај.

Јапонија има една од највисоките стапки на самоубиства во светот, иако, според Светската здравствена организација, бројките малку се подобрија откако беа воведени превентивни мерки во 2015 година.

Слични содржини