Актуелно
Почетна / Сцена / Актерката паничи околу корона ворусот: Веќе бев во таков филм

Актерката паничи околу корона ворусот: Веќе бев во таков филм

Гвинет Палтроу призна дека не и е сеедно што се однесува на коронавирусот па за време на летот за Париз не ја тргнала маската за лице.

 

„На пат за Париз. Параноична? Внимателна? Паничарка? Мирна? Пандемија? Пропаганда? Палтроу сепак ќе спие во овој авион. Веќе еднаш бев во ваков филм. Чувајте се. Немојте да се ракувате. Често мијте ги рацете“, напишала актерката покрај фотографијата со маската за лице.

Имено, Гвинет во 2011 глумеше во филмот Contagion (Зараза). Филмот го следи ширењето на смртоносен вирус кој ги убива луѓето во само неколу дена. Гвинет во филмот го глуми ликот на Бет Емхов која умира од непознатиот вирус откако се враќа од деловен пат во Хонг Конг. Нејзиниот син умира истиот ден, а смртоносниот вирус започнува да се шири со голема брзина.

loading...