Почетна / Сцена / Актерот никогаш не ја преболел својата колешка

Актерот никогаш не ја преболел својата колешка


Чендлер и Моника на многумина им беа и останаа омилен пар од серијата „Пријатели“, а сега во јавноста протече дека Метју Пери и во вистинскиот живот бил заљубен во Кортни Кокс.

US Weekly пишува дека анонимен извор близок до актерот тврди дека Метју „секогаш бил заљубен во неа“.

„Никогаш не ја преболе до крај“, додал изворот.

Кортни и Метју неодамна ги воодушевија бројните фанови на серијата со заедничка фотографија на Инстаграм.

„Погодете го кого бев на ручек денес…. Знам!!! Можам ли да бидам посреќна?“, напишала Коррни во таа прилика и во таговите додала „Вистински пријатели“.

loading...