Активен јаглен: Лек, но и козметички производ

од Elena Daskalova
559 прегледи

Активниот јаглен има широка примена во лечењето на стомачните тегоби и ослободувањето на телото од токсините. Но, тој е многу повеќе од тоа.

На пример, во денешно време, многу често се користи и како козметички препрарат. А, на кој начин може да го направите тоа, како и други примени, прочитајте во продолжение:

Боја на храна

Храната обоена со црна боја е тренд и го освои Интернетот. Најголем дел од таа храна е обоена со активен јаглен. Јагленот ѝ дава интересна боја на храната и ја прави поздрава. Купете активен јаглен во прав или искористете издробени таблети или содржината од неколку капсули.

Ги чисти скалпот и косата

Јагленот длабоко ги чисти скалпот и косата и особено се препорачува за луѓе што имаат проблем со вишок мрснотии. Јагленот ги отстранува себумот и нечистотиите од косата давајќи ѝ свежина и дополнителен волумен. За луѓето што се борат со првутот, јагленот може да се користи како помошен лек.

Против дијареја

Јагленот има силни апсорбирачки својства и ги апсорбира супстанците што предизвикуваат дијареја. Јагленот ги заробува и ги врзува, а потоа заедно со нив се излачува од телото.

Против акни на грбот

Активниот јаглен многу добро ја чисти кожата од себум и од бактерии. Благодарение на ова, купката со јаглен може да ги излечи дури и најтешките случаи на акни. Во водата ставете само 2 капсули прав.

По пиење алкохол

Активниот јаглен нема да го отстрани алкохолот од вашето тело, но ќе го олесни мамурлакот. Тој го намалува неговото апсорбирање во телото. Испијте активен јаглен и пред консумирањето алкохол, но и потоа.

Слични содржини